Еден од капитените на Реал Мадрид, Марсело е под договор со клубот само до крајот на тековната сезона и се чини веројатно дека ќе го напушти клубот во кој игра од 2007 година. Бидејќи има 33 години и сигурно ќе сака да ја продолжи кариерата во друг клуб, но Марсело веќе го откри своето ново хоби за во иднина.
Марсело е роден во Рио де Жанеиро, а кариерата ја започна во Флуминенсе. Не е исклучена можноста за негово враќање во тој клуб. Сега објави вест која дополнително го поврзува со тој град. Бразилецот на Инстаграм објави што ќе биде ново поглавје во неговиот живот. Отвора берберница и фризерски салон во Рио, а објави фотографии и кратко видео во кое ракува со ножици и напиша дека од четврток ќе почне со работа.
“Долго време размислував за ова и конечно решив да ја отворам мојата прва берберница и фризерски салон. Возбуден сум поради новото поглавје. Секогаш се трудам да бидам блиску до вас и да ви донесам среќа” – рече тој.