Французите го освоија единствениот трофеј што им недостигаше.

Французите двапати освоија светски и европски титули во фудбалот. Имаат и два трофеи во Купот на Конфедерациите, олимписко злато, а од вечерва, трофејот во Лигата на нации!

Во чудното финале на Сан Сиро, Франција славеше победа од 2: 1 над Шпанија на крилата на Карим Бензема и Килијан Мбапе и го освои единствениот важен трофеј што и недостасуваше.

Фудбалската досада на Сан Сиро во првите 60 минути падна во заборав после она што следеше во продолжение.

Возбудувањата започнаа кога Бускетс испрати одличнен пас, а Ојарзабал мајсторски ја протна топката покрај Лорис.

Прославата на Шпанците се уште беше стивната, а Французите веќе се радуваа на другата страна. Мајсторството на неверојатниот Карим Бензема.

https://twitter.com/Wirjil/status/1447296735911583748?s=20

Натпреварот се разгоре имаше шанси на двете страни а Килијан Мбапе ја затресе мрежата на Шпанците во 81. минута. Иако изгледаше дека е во офсајд, не беше. Одлично се отвори на додавање на Хернандез, излезе очи в очи со Симон и им го донесе водството на галските петли.

https://twitter.com/LiveNewsForAll_/status/1447297248858103811?s=20

Следеше тотална офанзива на фуријата. Лорис го спречи Ојарзабал да го постигне вториот гол со страшна парада, а потоа во 95. минута ги спаси Французите со уште една одбрана кога цела Шпанија беше во нивниот шеснаесетник.