Стоперот е еден од најбараните во светот, а изминатата зима Њукасл понуди дури 50 милиони евра за негов трансфер, но францускиот клуб веднаш ги одби. Неговиот агент синоќа бил на „Сан Сиро“ и го гледал натпреварот помеѓу Милан и Лацио што заврши со резултат 4-0.
Тој денеска е на средба со челниците на клубот, меѓу кои е и директорот Паоло Малдини. Легендарниот италијански дефанзивец е импресиониран од Ботман, кого го гледа како замена за капитенот Алесио Ромањоли.
Холанѓанецот, кој има само 22 години ќе биде скапа инвестиција за „росонерите“, бидејќи неговата цена на трансфер пазарот моментално е 35 милиони евра.