Фотографијата која фудбалерот на Манчестер Јунајтед ја објави на Инстаграм за краток период собра речиси 10.000.000 „лајкови“.

Се што прави Кристијано Роналдо предизвикува големо внимание. Не е важно дали постигнал гол, направил нешто спектакуларно на теренот или едноставно споделил фотографија со семејството.

Овој пат Кристијано и неговата партнерка Георгина Родригез за Божик носеа црвени божиќни пижами, а на гости имаа роднини од Роналдо.

Тие одлучија дека најдобро место за фотографијата се скалите покрај украсената елка, а објавата набрзина доби огромен број „лајкови“ и коментари од обожавателите.

Instagram will load in the frontend.