Грузија, следниот противник на Македонија во Лигата на нации на 9 јуни во Скопје, ја декласира Бугарија во Разград со 2-5 и се наоѓа на првото место во групата. Грузијците одиграа совршен натпревар и покажаа како може да се „растури“ Бугарија на гости. Бугарската репрезентација практично се изрезили и тоа на домашен терен, експлодира петарда во Разград и сега може само да жалиме што направивме голем пропуст што ние не успеавме да се вратиме со три златни бодови од Бугарија.


Давиташвили во четвртата минута погоди за 0-1, а Андреа Христов си постигна автогол. Потоа стрелаа и Зивзивадзе, Кварачкелија и Вако, додека стрелци за Бугарија беа Александар Илиев и Илијан Стефанов. На крајот, Квеквескири промаши и пенал за Грузија.
Кристијано Роналдо беше двоен стрелец во триумфот на Португалија од 4-0 против Швајцарија. Во листата на стрелците му се придружија и Вилијам Карвалјо и Жоао Кансело.