Ракометарките на норвешки Вајперс ја одбранија титулата европски првак, бидејќи во финалето на Лигата на шампионите во Будимпешта беа подобри од унгарски Ѓер со 33:31 (15:13).
Најефикасна во победничкиот тим беше Маркета Јерабкова со седум гола, Исабел Гулден додаде шест гола, додека Јана Кнедликова постигна пет гола.
Во тимот на Ѓер подобра од останатите беше Ана Мете Хансен со шест гола, а Лин Блом постигна пет гола.
За тимот од Кристијансанд ова воедно е втора титула во Лигата на шампионите, додека Ѓер остана на пет европски шампионски титули.
Во борбата за третото место претходно денеска францускиот Мец го совлада данскиот Есбјерг со 32:26.