Фудбалерите на Велс се пласираа на Светското првенство.

Велшаните ја победија репрезентацијата на Украина со 1:0 (1:0) во финалето на квалификацискиот плеј-оф, во Кардиф.

Така, избраниците на селекторот Роберт Пејџ ги спречија Украинците, кои во претходната рунда од плеј-офот ја победија Шкотска во Глазгов со 3:1, да остварат двојна победа на Островот.

Велс ја прекина серијата од 64 години без пласман на завршниот турнир, а последен пат на големиот настан играше во 1958 година.

https://twitter.com/OptaJoe/status/1533509249489604609?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1533509249489604609%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D06dd%3D05nav_id%3D2166838

Овојпат во Катар ќе бидат во групата Б со Англија, САД и Иран. Натпреварот беше решен во 34. минута со автоголот на Андрија Јермоленко.

Герет Бејл изведе прекин, а Јармоленко со глава несреќно ја упати топката во мрежата на Украина.

Шест минути подоцна, Јармоленко беше соборен во шеснаесетникот на Велс, судијата Матеу Лахоз од Шпанија го консултираше ВАР и одлучи дека нема да има пенал.

Потоа во 49. минута Арон Ремзи пропушти можност да ја удвои предноста на Велшаните.

Во 56. минута се истакна голманот на домаќините Вејн Хенеси кој во една акција одбрани два удари на Виктор Циганков и Роман Јеремчук.

Украина имаше многу среќа во 76. минута кога Бренан Џонсон со удар надвор од шеснаесетникот ја погоди стативата.

Една минута подоцна шанса имаше Герет Бејл, овојпат се истакна Георги Бушан, а во 78. минута ударот на Јармоленко беше блокиран на другата страна.

Последната шанса за израмнување Украина ја имаше во 84. минута преку Артјом Довбик, но голманот Хенеси успеа со глава да го одбрани ударот и да спречи гол.