Пари Сен Жермен дури во третиот обид ја забележа првата победа во новата сезона во француската Лига 1. По две ремија на стартот, тимот на новиот тренер Луис Енрике конечно заигра како што се очекува и со сигурни 3-1 го совлада ланскиот вицешампион Ленс, кој го запиша вториот пораз и сè уште е без триумф во шампионатот.

https://youtu.be/jT5McdEIRTg

https://youtu.be/jT5McdEIRTg

Парижани до посакуваната победа стигнаа откако во првиот дел погоди летното засилување од Реал Мадрид, Асенсио, додека на стартот од второто полувреме повратникот во екипата Килијан Мбапе по одлична тимска акција зголеми на 2-0. Првата твезда на ПСЖ, која пред нешто повеќе од една седмица се врати во тимот по несогласувањата со управата, во 91. минута одново ја затресе гостинската мрежа, додека конечните 3-1 ги постави Морган Гилавоги во последните секунди од натпреварот.

На вечерашниот натпревар на „Паркот на Принцовите“ свое деби од првата минута имаше најголемото засилување досега, Дембеле, додека одново надвор од составот беше Марко Верати, кој најверојатно ова лето ќе го напушти Париз.

ПСЖ лесно победи и тоа најмногу благодарение на Килијан Мбапе. Првата ѕвезда на францускиот првак за прв пат сезонава беше стартер и покажа колку значи неговата игра за тимот.

Францускиот голгетер Мбапе директно учествувал во постигнување на 301 гола во дресот на ПСЖ. Тој има 215 погодоци и 86 асистенции.