Во дербито од 23. коло на италијанското фудбалско првенство, Милан и Јувентус одиграа без голови на Сан Сиро.

Милан беше подобар и поблиску до победата, но домаќинот не успеа да го пробие одбранбениот ѕид на старата дама. Колку беше дефанзивен Јувентус говори и тоа што торинскиот тим не упати ниту еден удар во рамките на противничкиот гол.

Нов проблем за Милан е тоа што Ибрахимовиќ се повреди во првото полувреме и беше заменет од Французинот Жиру.

Standings provided by SofaScore LiveScore