Во спектакуларна атмосфера пред 65 илјади навивачи на „Олимпико“, ѕвездите на Рома беа претставени за новата сезона во Серија А, па величествените сцени од трибините резултлираа со максимално храбра игра од избраниците на Жозе Мурињо, кој воодушевија на генералката пред стартот на сезоната.

Рома во извонреден меч пред домашната публика го декласираше Шахтјор со 5:0, но покрај случувањата за време на мечот, интересно беше и она што се случуваше пред натпреварот.

Сите големи засилувања добија стоечки овации од 65-илјадната публика, поздравени беа и сите останати играчи и стручниот штаб предводен од Жозе Мурињо, но во центарот на вниманието се најдоа и песните кои одеа во позадина.

Секој фудбалер имал право да избере песна со која ќе биде претставен на „Олимпико“, а на Балканот, во центарот се најдоа Миле Свилар и Немања Матиќ.

Српските фудбалери се одлучија за хитови од овие простори, односно за српските хитови на Дара Бубамара и Констракта.

Миле Свилар беше претставен со стар хит на Дара Бубамара од 1999-та година „Нису то кише“, додека Матиќ со евровизиската песна на Констракта – In Corpore Sano.

https://twitter.com/jzk_cz/status/1556340914720735232?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1556340914720735232%7Ctwgr%5Ee4ef779647668c781b7b831dc6fecce819a68d69%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Furnebes-na-olimpiko-65-iljadi-navivachi-vo-rim-slushaa-srpski-hitovi-poradi-matikj-i-svilar-video%2F

https://twitter.com/jzk_cz/status/1556341418347712512?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1556341418347712512%7Ctwgr%5Ee4ef779647668c781b7b831dc6fecce819a68d69%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Furnebes-na-olimpiko-65-iljadi-navivachi-vo-rim-slushaa-srpski-hitovi-poradi-matikj-i-svilar-video%2F