Лео Меси е сеуште во фаза на навикнување на новиот клуб и животот во Париз, а во моментов е во фаза да најде долгорочно решение што се однесува до куќата.
Локалните медиуми пишуваат дека францускиот замок од 19 век може да стане дом на Лионел Меси и неговото семејство во Париз.
Тоа е замок од 1899 година. од 2.000 квадратни метри, 30 соби, а меѓу другото има и затворен базен, неколку „тајни“ подземни простории кои изгледаат како скривалишта, кино, теретана, терен за сквош, неколку гаражи, простории за персонал.
Погледнете сами како изгледа оваа фантастична куќа.
Меси се уште престојува во еден од најексклузивните хотели во главниот град, но тие бараат постојано и поудобно место.
Што е најважно, замокот се наоѓа на 15 минути од тренинг центарот на ПСЖ, а Меси треба да помине најмалку две години во Париз.