Ривалитетот помеѓу Барселона и Реал Мадрид е толку голем што предизвикува огромно внимание без разлика на спортот, па вечерва фудбалерките на двата тима одиграа историски меч на „Камп Ноу“ пред речиси 100.000 гледачи – најмногу досега на меч од женскиот фудбал на сите времиња.
Каталонките се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионките (ЛШ), откако вечерва со 5-2 ја потврдија победата во првиот меч во Мадрид со 3-1, на радост на 91.000 френетични фанови на овој клуб. Со ова, поранешниот тим на нашата Наташа Андонова, го продолжи патот кон одбраната на титулата во ЛШ освоена минатата сезона.
Билетите одамна беа распродадени, а трибините преполни неколку часа пред почетокот на средбата а меѓу присутните беа и тренерот Чави Ернандез и капитенот на машкиот тим на Барса, Карлес Пујол.