Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси имаше големо интервју за шпанска „Марка“ во кое зборуваше за многу теми, а една од нив беше и за Барселона.

Аргентинецот сакаше да ја заврши кариерата во шпанскиот тим, но финансиската ситуација во гигантот е комплицирана, па затоа мораше да се разделат со Меси.

„Ми кажаа дека не можат да го обноват договорот и не можам да останам. Не мора да барате премногу виновници, но мора повторно да погледнете што се случило“, кажа Меси.

Меси кажа дека еден ден сака да се врати во Барселона, каде што помина најголем дел од кариерата.

„Барселона е мојот дом и таму ќе живеам. Ако можам да помогнам на тимот, тогаш со задоволство би се вратил“, открива Меси.

По најавениот кам-бек, Меси зборуваше и за новиот тренер на екипата, Чави Ернандез.

„Пријатели сме, останавме во контакт. Не можам да се сетам што му кажав кога се врати во Барселона, но му честитав за новиот чекор во кариерата“, вели Аргентинецот.