Екипата на Динамо Загреб направи сензација и минимално со 1:0 го порази Челзи, на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите.
На „Максимир“ малку фалеше победата да биде и повисока. Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски, кон средината на вториот дел, испрати „проектил“ кон противничкиот гол, но Кепа со спектакуларна одбрана со врвот на прстите не дозволи ново домашно славје.