Азискиот Куп понуди неверојатен натпревар за инфаркт со луда завршница. Репрезентацијата на Јордан направи епски пресврт, се спаси од сигурен пораз и славеше со 3-2 против Ирак, обезбедувајќи место меѓу осумте најдобри.
Мрежите на „Калифа Интернатионал“ во Доха мируваа до пред паузата, а во 46. минута предност за Јордан донесе Ал Наимат. Фудбалерите на Ирак во вториот дел успеаа да направат целосен пресврт, откако за осум минути постигнаа два гола преку Натик и Хусеин. Последниов беше исклучен непосредно по погодокот за пресврт.
До крајот на натпреварот Јордан тргна во офанзива, се обидуваше да се врати од негативата, меѓутоа на голови се чекаше до судиското продолжение. А тогаш во самиот финиш, Ал Араб во 95. и Ал Рашндан во 97. минута донесоа голем пресврт и пласман во четвртфиналето на Азискиот куп. На стадионот имаше ерупција од навивачки страсти, а тв коментаторот падна во транс.
Во четвртфиналето Јордан ќе се пресмета со Таџикистан, кој ги елиминира Обединетите Арапски Емирати.