Македонскиот првак го контролираше резултатот повеќе од 45 минути, а имаше предност од највисоки осум разлика, резултатот на крајот беше 29-24, доволно да биде анулиран поразот од Прешов.
Најдобар стрелец беше Јан Чувара со пет голови, а по четири имаа Куни Моралес, Гоце Георгиевски и Леонардо Дутра Фереира. Мартин Томовски блескаше со 12 интервенции.
Вардар сега има шест бода во групата Б, Татран остана на три, а Партизан на нула. На вардарци им останува само уште гостување во Белград, Ако го освои првото место, во четвртфинале ќе вкрстат со вториот од А-групата, а потоа потенцијален дуел со Веспрем во полуфинале.