Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го спаси тимот на АЕК Ларнака од сензационален пораз од „фенерџијата“ во кипарското првенство. Имено, на домашен терен лидерот АЕК Ларнака денеска одигра само 1:1 против екипата на Акритас, која се наоѓа на последното место на табелата, но водеше со 1:0 дури до 89. минута.
Тричковски кој мечот го почна од клупата, влезе во игра во 62. минута, а во завршницата во капитенски стил, погоди за израмнување.
АЕК Ларнака со овој бод останува на чело на табелата во кипарската прва лига.