Германија запиша убедлива победа против Италија со 5-2, додека Унгарија ги посрамоти Англичаните со 4-0 во четвртото коло од Лигата на нации.

Германците ги користеа своите шанси пред голот на Донарума, па прво во листата на стрелци се запиша Кимих, а потоа и Гундоган од пенал во судиското надополнување на првиот дел.

Целосен распад следеше на „аѕурите“ во вториот дел, кога примија уште три гола за 25 минути, и тоа еден од Милер и уште два од Вернер, па на Италија не ѝ остана ништо друго, освен да нападне со сите сили и успеа да постигне два погодоци преку Гното и Бастони.

 

Унгарија е прва во групата 3 со седум бодови, по што следи Германија со шест, Италија има пет, а Англија само два.