Со тоа, екипата од Бергамо само дотури „сол на раната“ на повеќекратниот италијански шампион и тоа во моментите кога се соочува со можна ригорозна казна и преселба во Сериа Б поради пронајдената проневера во клубот во износ од 50 милиони евра. Најзаслужен за триумфот на гостите беше Запата со голот остигнат во 28. минута. Јуве во 95. минута имаше фантастична можност за изедначување, но ударот на Паоло Дибала од слободен удар заврши само во стативата.
Аталанта со овој триумф, прв против Јувентус во Торино по дури 32 години, се изедначи со Интер на третата позиција и тоа со по 28 бодови, со тоа што шампионот има меч помалку и тоа вечерашниот на гости кај Венеција.