Мароко е првиот полуфиналист на фудбалскиот турнир на Олимписките игри, откако извонредната африканска селекција покажа класа и знаење во дуелот со Соединетите Американски Држави.
Мароканците на убедлив начин ја потврдија својата добра форма прикажаа тотален фудбал и постигнаа дури четири гола во мрежата на Американците, од кои два беа од белата точка.
Рахими и Маухуб беа реализатори на ударите од 11 метри за 1:0 и 4:0, додека најубавиот гол го постигна најголемата ѕвезда во тимот на Мароко.
Ашраф Хакими претрча преку 70 метри и доби еден воздушен дуел на средината на теренот, пред да дојде до шеснаесетникот и да погоди со удар од далечина надвор од шеснаесетникот.
Покрај Хакими, гол од игра постигна и Акхомах, па со тоа беше само потврдена доминацијата на Марокаците кои во полуфиналето ја чекаат Шпанија.
https://twitter.com/i/status/1819381964715016593