Шпанија оствари убедлива победа со 3-0 и ја совлада Јапонија, а Мароко беше уште поубедлив против САД откако славеше со 4-0 во првите два четвртфинални дуели на Олимписките игри во Париз.

Фермин Лопез погоди уште во 11. минута за водство на Шпанија од 1-0. Тоа беше резултат од првото полувреме.

https://twitter.com/i/status/1819402613110329792

На вториот гол се чекаше до 73. минута, а стрелец повторно беше Фермин Лопез.

https://twitter.com/i/status/1819412549319745970

И двата гола на Лопез беа маестрални и со проектили од далечина. Конечните 3-0 на мечот меѓу Шпанија и Јапонија ги постави Абел Руиз на четири минути пред крајот.

Мароко со 4-0 ја совлада селекцијата на САД.

Рахими даде гол во првото полувреме, во вториот дел за Мароканците погодија Акомач, Хакими и Махуб.

Шпанија против Мароко ќе игра во полуфиналето на Олимписките игри.