Репрезентацијата на Германија ја совлада Шпанија во одличен и драматичен дуел од групата А на Олимписките игри во ракомет, со 33-31 и обезбеди елиминациона фаза. „Панцерите“ извојуваа многу важен триумф, а Шпанците ќе решаваат за својата судбина во последниот дуел со Хрватска. Нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов одлично ја делеа правдата на овој дуел во Париз.
Мечот беше неизвесен во целиот тек, двете репрезентации имаа свои одлични периоди и се менуваа во водство.
Клучен за победата на Германија беше голманот Давид Шпед кој имаше фантастична партија, вклучувајќи ја и одбраната во последната минута со која Шпанија беше пред пораз. Тоа се случи во последните 20 секунди кога Германците имаа предност од 32-31. Откако промашија Шпанците, Германија даде уште еден гол за конечни 33-31.
Најефикасен во составот на Германија беше Ушчинс со осум голови, во редовите на Шпанија, Гомез реализираше десет погодоци.
Во последното коло Шпанија во директен дуел со Хрватска ќе одлучува која репрезентација од овие две ќе оди во четвртфиналето.