Репрезентативецот на Холандија Дони Ван Де Бек се чини дека нема иднина на „Олд Трафорд“ и покрај тоа што Рангник неодамна изјави дека сака да го задржи во тимот барем до јуни.
Играчот за врска бил понуден на Њукасл и на Борусија Дортмунд, двата клуба кои се заинтересирани за негова позајмица и можен трансфер во јуни.
Ван Де Бек бара средина каде што ќе игра редовно, додека Јунајтед можност за играчот да се врати во форма а потоа одново да добие шанса во клубот кој за него плати 40 милиони евра.