Актуелниот прволигашки лидер Шкупи си го расчисти патот кон титулата, откако после две години успеа да го освои доста незгодниот терен во Струга. Со денешниот триумф од 3-1 продолжи со спринтот кон првата шампионска титула.
Поранешниот македонски репрезентативец Марјан Радески со својот трет гол пролетва ја обезбеди исклучително важната победа за Шкупи на најтешкото гостување.
Голот на Радески на 20 минути пред крајот беше клучен зашто стружани беа скршени, а Омер Имери после една невидена утка, од втора на две минути пред крајот само стави печат на победата.
Сѐ поинаку тргна за лидерот после две нереализирани можности, Милош Босанчиќ со еврогол донесе водство во последната минута од првиот дел, а Сандеј Адетунџи во втората минута од судиското надополнување израмни за негов 17-ти гол и сега официјално е лидер на листата на стрелци.
Шкупи со оваа победа сега има отворен пат кон круната, зашто останува на двоцифрена предност пред Академија Пандев и Шкендија, како ривали за круната.
Академија Пандев гостува кај Тиквеш во Кавадарци, а Шкендија кај Скопје во Автокоманда. Шкупи има 58 бода на првото место, 13 пред Пандевци со меч помалку, а 14 пред Шкендија, исто така со меч помалку. Струга Трим Лум, пак, остана осма, прва над зоната за баражот со 30 бода, осум повеќе од Скопје.