Необично за дуел од една од петте најквалитетни лиги во Европа, натпреварот од 27. коло од Бундеслигата помеѓу Бохум и Борусија Менхенгладбах е прекинат при водство на гостите со 2-0.

Причина за ваквиот епилог е шишето фрлено од домашните навивачи кое заврши во главата на еден од помошните судии во 71. минута од средбата. По долги разговори, главниот делител на правдата реши дека мечот нема да продолжи.

Стрелци на головите за Менхенгладбах беа Аласане Плеа и Брил Емболо.