Манчестер јунајтед убедливо го победи Бетис и направи голем чекор кон четвртфиналето од Лига Европа, Јувентус со гол на Ди Марија дојде до минимален триумф над Фрајбург.
Фудбалерите на Ерик тен Хаг брзо се отрезнија по дебаклот од Ливерпул на Енфилд Роуд, го победија Бетис од Севиља со убедливи 4-1.

Триумфот го најави Рашфорд во шестата минута од натпреварот, но првото полувреме не беше идеално. Во 32. минута Перез го изедначи резултатот на 1-1.

Но во второто полувреме Манчестер јунајтед беше многу подобар од Бетис, голови дадоа Ентони, Бруно Фернандеш и Вегхорст за триумф од 4-1 и со солидна залиха ќе замине на реваншот во Севиља.

Јувентус со 1-0 го победи Фрајбург. По осум минути игра во второто полувреме, Костиќ убаво нафрли, а Ди Марија погоди со глава за победа на италијанскиот тим.

Севиља со 2-0 го совлада Фенербахче, а мечот меѓу Шахтар и Феенорд заврши нерешено 1-1.