Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала не успеа да најде заеднички јазик со челниците на Јувентус околу продолжувањето на договорот кој истекува на лето.
Поточно, претставниците на „Старата дама“ се предомислија и решија да не му го понудат ветувањето на својот играч.
Според Фабрицио Романо, двете страни во октомври се договориле за нето плата од осум милиони евра, плус уште два преку бонуси.
Сепак, ништо од ова нема да се случи. Дибала не е задоволен од новите услови кои му беа понудени и наскоро ќе започне преговори со други клубови.
Сезонава одигра 21 натпревар во лигата и постигна осум гола со пет асистенции. Постигна уште три гола во Лигата на шампионите, а два во Купот. Сепак, тоа не беше доволно за да се убеди раководството на торинскиот клуб дека Дибала заслужува ваков добар договор.