Лос Анџелес Лејкерс продолжуваат да се борат за место во топ 10 на Западот и плеј-ин турнир кој би им овозможил пласман во НБА плеј-офот. Ноќта меѓу петокот кон саботата постигнаа важна победа против Торонто Репторс по продолжение. Заврши 128:123 за гостинскиот тим од Лос Анџелес.

Најголема заслуга за тоа има Расел Вестбрук, кој со тројка го одведе натпреварот во продолжение. Репторси требаше да го имаат последниот напад на 10 секунди пред крајот, но Лејкерси ги натераа на грешка, Вестбрук ја украде топката, а потоа повлече напад и постигна три поени пред самиот звук на сирената.

Вестбрук натпреварот го заврши со трипл-дабл од 22 поени и 10 скока и асистенции. Одличен беше и Леброн Џејмс со 36 поени, девет скока и седум асистенции. Од друга страна, најдобар беше Скоти Барнс со 31 поен, 17 скока и шест асистенции, додека Гери Трент Јуниор уфрли 23 коша.