Бразилскиот напаѓач Хулк игра во одлична форма во Бразил, а синоќа повторно воодушеви со неговиот шут. Хулк е познат како играч со најсилен шут, а потврди и во дербито меѓу Крузеиро и Атлетико Минеиро.
Фудбалерот кој врвот на кариерата го имаше играјќи за Порто и Зенит, во 2021 година реши да се врати во родната земја и потпиша за Атлетико Минеиро, што се покажа како одличен потез.
И со 36 години тој е перманентна опасност за противничките голмани, а тоа најдобро го почувствува голманот на Крузеиро. Атлетико беше во негатива од 1:0, кога беше досуден слободен удар за нив, од позиција блиску до аут-линијата.
Иако делуваше невозможно, Хулк реши да шутира директно во голот и успеа да погоди, со што уште еднаш го презентираше својот силен и прецизен шут. Овој гол на Хулк беше за 1:1, резултат кој се покажа како конечен на крајот.