Енис Барди имаше одлично деби во турското првенство, но дури и два негови погодоци не му беа доволни на Трабзонспор да избегне пораз од Анталијаспор (5:2).

Македонскиот репрезентативец влезе во игра во финишот на првиот дел и во судиското надополнување намали на 2:1, реализирајќи по една одлична контра на гостите.

Барди стигна и до вториот гол на првиот настап во првенството и тоа во 73. минута, но актуелниот турски шампион не успеа да стигне ниту до реми.

Бајрактар во 81. и 96. минута се погрижи за победа на Анталијаспор, а Рајт ги постави конечните 5:2 за прв пораз на Трабзон по воведните три кола.

https://twitter.com/tsvideoarsivi/status/1561327526126882816?s=20&t=CWq_3_4U8Gi5C0YNw_wqmQ