Хрватскиот кошаркарски селектор Дамир Мулаомеровиќ ги направи последните резови за Евробаскетот и избра 12 имиња откако им се заблагодари на Дрежњак, Марчинковиќ и Филиповиќ.
По подготвителниот меч со Словенија, последен пред официјалните настапи во претквалификациите, а потоа и на Евробаскетот, хрватскиот селектор Дамир Мулаомеровиќ го скрати ростерот за уште три имиња.
Според „Спортске новости“, Мулаомеровиќ им се заблагодарил на Матео Дрежњак, Павло Марчинковиќ и Горан Филиповиќ.
Така ги избра 12-те кошаркари за најголемите предизвици и европското натпреварување и тоа: Џејлин Смит, Ловро Гњидиќ, Доминик Мавра, Круно Симон, Тони Перковиќ, Бојан Богдановиќ, Иван Рамљак, Марио Хезоња, Дарио Шариќ, Роко Пркачин, Ивица и Карло Матковиќ.
Претходно отпадна Роко Рогиќ, но и имиња како Анте Жижиќ и Драган Бендер. Хрватска ќе има многу дебитанти на големото натпреварување, дури седуммина.
Имено, со оглед на тоа што Хрватска последен пат играше на едно големо натпреварување на Евробаскет 2017, се сменија неколку играчи, а дебитираат Смит, Гњидиќ, Мавра, Перковиќ, Пркачин, Зубац и Матковиќ.