Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Селта во Виго со резултат 4:1, во второто коло од Ла Лига.

Реал ја забележа втората победа во исто толку натпревари во новата сезона, додека Селта го доживеа првиот пораз по воведното реми.

Ова беше, воедно, петта победа во низа за мадриѓаните против вечерашниот ривал.

Актуелниот шампион на Шпанија поведе со голот на Карим Бензема во 14. минута од пенал (0:1), но веќе во 23. минута беше 1:1.

Милитао играше со рака во својот шеснаесетник, а Иаго Аспас ја изведе прецизно најстрогата казна.

Се чинеше дека Селта ќе издржи до полувремето, но …

Во 41. минута проработи десната нога на Лука Модриќ кој со спектакуларен удар погоди за 1:2 .

Второто полувреме започна со иницијатива на Мадрид, а набрзо беше постигнат уште еден гол.

Во 56. минута Селта нападна, а потоа Реал тргна во убиствена контра.

Топката на Модриќ за Винисиус беше перфектна, а младиот Бразилец не само што покажа дека е пребрз, туку и дека е феноменален дриблер (1:3).

Во 66. минута Валверде се погрижи за конечни 1:4 на асистенција на Винисиус, а потоа Анчелоти ги направи сите пет измени.

Еден Азар беше една од резервистите ,  го замени Винисиус во 83. минута, но веднаш по влегувањето не реализира пенал. Одговорноста за пеналот ја презеде место Бензема, но тој беше одбранет, па резултатот остана 1:4.

Во третото коло од Ла Лига, Реал на 28 август гостува кај Еспањол, додека Селта два дена порано патува во Џирона.

Ла Лига, 2. коло:
сабота
Осасуна – Кадиз 2:0 (1:0)
Авила 37 п, Гарсија 78 п
Мајорка – Бетис 1:2 (0:1)
Муриќи 56 – Иглесијас 9, 73 п
Селта – Реал 1:4 (1:2)
Аспас 23п – Бензема 14п, Модриќ 41, Родриго 56, Валверде 66

недела
17:30 Атлетик Билбао – Валенсија
19:30 Атлетико Мадрид – Виљареал
22:00 Реал Сосиедад – Барселона

понеделник
20:00 Елче – Алмерија
22:00 Џирона – Хетафе

петок
Еспањол – Рајо 0:2 (0:1)
Паласон 40, Сис 59
Севиља – Ваљадолид 1:1 (0:0)
Рекик 86 – Ануар 80

Standings provided by SofaScore LiveScore