Големото промашување на векот на Реал Мадрид, српскиот репрезентативец Лука Јовиќ, кој ги чинеше „кралевите“ 60 милиони евра пред три години, на дебито за новиот клуб Фиорентина каде дојде бесплатно даде – четири гола.
Јовиќ покажа дека не заборавил да дава голови, откако со фантастични настапи за Ајнтрахт си обезбеди трансфер во најславниот клуб, но таму не покажа ништо, па денеска се загреа со четири погодоци во убедливите 7-0 против аматерскиот клуб Реал Виченца.
Сите голови Србинот ги даде во второто полувреме, откако во 56-та ја отвори серијата со гол од пенал, а потоа во завршните 22 минути додаде уште три.
Иконе, Пиероци и Гонзалез беа стрелци на преостанатите три гола за „виолетовите“.