УЕФА на денешниот состанок треба да го потврди новиот формат на квалификации за Лигата на шампионите од сезоната 2024/2025, пренесува Sky Sports. Веќе е најавено дека форматот на Лигата на шампионите целосно ќе се промени од таа сезона, но треба да се промени и системот на квалификации.

Имено, Лигата на шампионите наместо досегашните 32 клуба ќе има 36 и сите ќе играат во иста лига. Досега клубовите од групата одиграа по шест натпревари, но од 2024 година ќе играат десет, пет дома и пет на гости. Првите осум клуба автоматски ќе се пласираат во осминафиналето, а оние од 9 до 24 ќе играат за влез во осминафиналето.