Фудбалерите на Манчестер Јунајтед забележаа нов пораз во Премиер лигата, откако на гостувањето кај Евертон загубија со минимални 1-0. Евертон стигна до „златни“ три бода во борбата за опстанок, додека „црвените ѓаволи“ уште еднаш ги разочараа своите навивачи.
Хари Мегваер, се смета за главен виновник за погодокот на „карамелите“, но тоа не беше единствената ситуација поради која капитенот на Манчестер Јунајтед одново е мета на критики.
Имено, неверојатна ситуација се случи во 29. минута од натпреварот кога Евертон имаше напад. Топката го погоди Немања Матиќ во раката, а потоа Мегвајер ги шокираше сите со својата реакција.
Капитенот на „црвените ѓаволи“ бараше од судијата да ја прекине играта, бидејќи неговиот соиграч играше со рака, а таквиот потег ги остави без зборови дури и навивачите на Манчестер Јунајтед.