За да го прифати новиот договор со ПСЖ, на Килијан Мбапе не му требаше само дарежлива финансиска понуда, туку и права за одлучување. Така, Французинот повеќе не е само уште еден играч, туку и личност со посебни овластувања. Доказ за тоа е неговата црна листа на која има четиринаесет луѓе кои не ги сака во клубот, пишува Мундо Депортиво.

Имајќи го тоа на ум, во Париз веќе не се зборува само за засилувања кои ќе дојдат на Паркот на принцовите на сметка на претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи и ќе помогнат во ловот на Лигата на шампионите, туку фокусот е и на оние кои нема да бидат дел од проектот во иднина. Според извештаите на AFE и EFE, нивната листа е долга. Кои се тие и каков е нивниот моментален статус?

Маурисио Покетино

Со заминувањето на Леонардо од функцијата спортски директор и доаѓањето на Португалецот Луис Кампос на негово место, ќе биде потврдено и заминувањето на тренерот. Аргентинецот јавно изрази желба да продолжи да работи, но тоа нема да се случи и ќе биде обештетен.

Нејмар

Бразилецот посочи дека има намера да остане цврст во својата идеја за исполнување на договорот, кој трае до јуни 2025 година, но со оглед на сите шпекулации кои се појавија во медиумите во последните недели, прашање е дали тоа навистина ќе биде случај.

Тило Керер

Тој беше една од првите заменски опции на десната и централната бековска позиција, но бидејќи се чувствува изоставен од проектот, го смени агентот и бара излез. За него се заинтересирани клубови од Бундеслигата и веќе се на маса понудите.

Џулијан Дракслер

Тој не играше оваа сезона и беше трета или четврта опција на Покетино. ПСЖ има намера да заработи на него со евентуален трансфер, но се уште нема понуди кои би ги задоволиле финансиските апетити.

Даниел Переира

Договорот на Португалецот истекува во летото 2025 година, но тој не е на доволно квалитативно ниво за да има свое место во тим кој има амбиции да ја освои Лигата на шампионите. ПСЖ не го ни гледа како дел од ротацијата.

Леандро Паредес

Јужноамериканците не се вклопуваат во спортската филозофија на Мбапе, па Паредес е уште еден кандидат за заминување од клубот. И покрај намерата на играчот од средниот ред да остане, се поизвесно е дека Јувентус ќе биде неговата следна дестинација за играње.

Андер Херера

Шпанецот е на радарот на неколку тимови од Ла Лига, но со оглед на неговиот договор кој е до јуни 2023 година, евентуалниот трансфер ќе зависи од финансиските барања на парижаните. Иако има 32 години, сепак покажува дека е подготвен да игра фудбал на највисоко ниво.

Лајвин Курзава

Французинот е еден од оние играчи кои треба да бидат продадени за да се заработат пари. Сезонава речиси и да не доби шанса на позицијата лев бек и сосема е сигурно дека ќе мора да бара минутажа во друг клуб.

Мауро Икарди

Аргентинецот не се вклопува во визијата на клупскиот проект, а неговиот придонес од неговото доаѓање е многу слаб. Со оглед на големата репутација што ја стекна во дресот на Интер, неколку италијански екипи го посакуваат во своите редови.

Пабло Сарабија

Неговата позајмица во Спортинг Лисабон истекува и тој мора да се врати во ПСЖ во јули. Иако на собирот на шпанската репрезентација изјави дека сака да игра и да биде важен во тимот, јасно е дека нема да ја има минутажата која ја посакува.

Хуан Бернат

Повредите го спречија да ја одигра посакуваната минутажа и да ги оправдаа очекувањата на стручниот штаб. Последните две сезони му се за заборав, а излезната врата од клубот му е ширум отворена.

Идриса Геје

Напуштањето на клубот беше дополнително поттикнато од неговата одлука да не носи маица со виножито како симбол на поддршка за геј заедницата. Минатата сезона сакаше да го донесе Њукасл, но одби да игра во Премиер лигата. Моментално е на мета на Тотенхем и останува да се види дали ќе се предомисли.

Колин Дагба

Десниот бек ја загуби битката за позицијата со Хакими и моментално ПСЖ гледа како да заработи на него во текот на летниот преоден рок.

Серхио Рико

Тој е на позајмица во Мајорка, но по крајот на јуни мора да се врати во Париз. За неговите услуги е заинтересиран Лацио, а ПСЖ е подготвен да преговара за неговиот трансфер во Серија А.