Германскиот гигант Баерн Минхен одамна ја обезбеди титулата во Бундеслигата, по што почна со лоши резултати, откако во минатото коло загуби од Мајнц со 1-3, а денеска ремизираше против Штутгарт (2-2).
Томас ги израдува гостите по само осум минути кога постигна гол за 1-0, но баварскиот тим до полувреме успеа да направи пресврт преку автоголот на Мавропанос и Милер (2-1).
Калајџиќ во 52. минута повторно ја врати неизвесноста и израмни на 2-2, а до крајот на мечот се водеше голема битка, но мрежите мируваа.