Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ повеќе нема да може да смета на Шима Врсаљко. Десниот бек на сребрената репрезентација од Русија реши да стави крај на репрезентативната кариера…
Шиме Врсаљко иако е на возраст на која се уште може да и помогне на репрезентацијата е принуден да ја заврши репрезентативната кариера. 30-годишниот десен бек и член на селекцијата која го освои среброто на Светското првенство во Русија, едноставно не може повеќе.
Повредите кои го придружуваат и кои многу му наштетија во кариерата бараат повеќе време за одмор и опоравување од Врсаљко, што значи дека освен што игра во клубот на високо ниво, не смее да игра и во репрезентацијата.
Иван Стриниќ, Ведран Чорлука, Иван Ракитиќ, Тин Једвај, Филип Брадариќ, Никола Калиниќ, Марио Манџукиќ, Анте Ребиќ, Милан Бадељ, Марко Пјаца, Јосип Пивариќ, Данијел Субашиќ, а сега и Врсаљко, се дел од репрезентацијата која ја освои и репрезентацијата , а сега од различни причини повеќе не се во репрезентацијата.
Врсаљко за А репрезентацијата забележа 52 настапи, а последниот натпревар во Лигата на нации го одигра во јуни кога Хрватска гостуваше во Копенхаген и забележа победа од 1:0 против Данска.
Тоа беше камбек настап откако Врсаљко го немаше една година во националниот тим, а последен настап пред ова му беше на Европското првенство против Чешка , меч кој заврши нерешено 1:1.
Ги помина сите младински хрватски селекции, а во А репрезентацијата дебитираше на 9 февруари 2011 година на пријателскиот натпревар против Чешка, кој заврши со победа на Хрватска од 4:2, а Врсаљко ги одигра првите четири минути под водство на тренерот Славен Билиќ, на местото на Иво Иличевиќ.
Откако Даријо Срна се прости од репрезентацијата во 2016 година, Врсаљко ја презеде неговата улога и беше прв избор на десен бек.
По Светското првенство во Русија во 2018 година почнаа се почестите проблеми со повредите и Врсаљко не беше во репрезентацијата речиси три години, се врати на почетокот од квалификацискиот циклус за овогодинешното СП, но проблемите се повторија и на крајот беше принуден да се збогува.
Врсаљко и даде многу на хрватската репрезентација, играше и покрај здравствените проблеми со сите сили , беше многу важен фактор во освојување на светското сребро, но тоа повеќе не функционираше и мораше да го направи овој потег. Се обиде да направи кам-бек во Лигата на нации, но тоа едноставно не функционираше и им отвори место на другите играчи.
Ќе ги паметиме одличните настапи на Врсаљко во репрезентативниот дрес, пред се во Русија, но ќе продолжиме да го следиме во дресот на грчки Олимпијакос, чиј член е и со кој ја продолжува клупската кариера.