Португалското дерби меѓу Порто и Спортинг заврши без победник, 2-2, но дуелот ќе остане запаметен по хаосот што се случи по последниот судиски свиреж, кога дојде до огромна мешаница меѓу фудбалерите и тренерите на двата тима.
Спортинг водеше со 0-2, но Порто успеа да се врати и да израмни откако гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Коатес. На теренот се водеше вистинска војна, главниот судија покрај црвениот на Коатес покажа и дури десет жолти картони, но ситуацијата кулминираше по последниот свиреж.
На крајот, црвен картон доби проблематичниот домашен дефанзивец Пепе, како и Маркезин од Порто, додека од таборот на Спортинг поцрвенеа Табата и Палниња.