Поранешниот француски шампион Лил одигра одличен натпревар против Троа за победа со 5-1 .

Лил во првото полувреме преку Бајо и Давид дојде до водство од 2-0, додека во второто полувреме дадоа уште три гола во мрежата на гостите.

Најпрво Бајо зголеми на 3-0, по што Балде стрелаше за Троа (1-3), но домаќинот ниту во продолжение немаше милост и преку Вирџиниус и Давид ги постави конечните 5-1.

Лил има 34 бодови и се наоѓа на делба на четвртата позиција со Рен, додека до топ-3 позициите ги делат осум бода.