Лацио го совлада Сасуоло (2-0) и го оствари првиот триумф во калчо лига за 2023 година со што остана во трка за место во топ-4.
Првиот гол на мечот беше постигнат во 48. минута, кога Закањи од пенал погоди за водство на „небесно-сините“.
Сасуоло добро парираше и во второто полувреме, но не успеа да пронајде пат до мрежата на Лацио, па гостите погодија преку Фелипе Андерсон во 94. минута за конечни 2-0.
Римјаните имаат 34 бодови по 18 одиграни меча, односно три помалку од Интер и Јувентус.