Легендарниот италијански фудбалер и тренер на Фиорентина од минатата сезона , Џенаро Гатузо е назначен за нов тренер на Валенсија, на чија клупа ќе го замени Хозе Бордалас кој неодамна доби отказ .

Поранешниот италијански репрезентативец Џенаро Гатузо ќе ја преземе тренерската функција во Валенсија во следните две години, до јуни 2024 година, објави во четвртокот наутро шпанскиот прволигаш.

https://twitter.com/valenciacf_en/status/1534811817322627072?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1534811817322627072%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportnet.hr%2Fvijesti%2F564112%2Fnogomet-spanjolska%2Flegendarni-gattuso-preuzeo-klupu-valencije%2F

Гатузо ќе го наследи Хозе Бордалас во Валенсија, назначен за тренер во мај 2021 година, кој доби отказ пред неколку дена иако имаше уште една година до истекот на договорот.

Валенсија ја заврши сезоната на деветтото место и загуби во април во финалето на Копа дел Реј од Бетис по изведување пенали.По повлекувањето од играњето во 2010 година, Гатузо почна да работи како тренер во 2012 година во Сион, Швајцарија, пред да се пресели во Палермо , па во Пиза.

После тоа, светскиот шампион со Италија ги предводеше Милан (2017-2019) и Наполи (2019-2021) со кој го освои Купот на Италија во 2020 година. но за жал не успеа да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона.

Тој ја презеде Фиорентина во летото 2021 година, но го напушти клубот само неколку недели подоцна поради несогласувања со раководството околу доведувањето засилувања.

“Ја познавам Валенсија која ужива почит. Тимот, навивачите, сите се поврзани. За мене фудбалот е страст, почит кон играта и љубов кон топката. Знам што е страв од Валенсија. Сум видел одлични тимови кои паднале на овој стадион кој оваа година ќе прослави стогодишнина“, рече 44-годишниот Гатузо во видеото прикажано на социјалните мрежи на клубот.