Македонскиот интернационалец Валон Етеми продолжува со одличните игри во турската Суперлига,  денес постигна гол и асистираше за уште еден за победа на Истанбулспор против Умранијеспор.

Умранијеспор промаши пенал во 12. минута, а потоа казни Етеми во 30. минута за водство од 1-0. Вториот гол беше постигнат во судиското надополнување на вториот дел, кога Кабасакал ја искористи асистенцијата на Етеми.

Истанбулспор има 15 бодови и се наоѓа на 18. позиција во лигата, односно три бода помалку од безбедната зона во Суперлигата.