Фудбалерите на Борусија Дортмунд се вратија на бод негатива од првакот и лидер Баерн Минхен, па останаа во мртвата трка за шампионскиот трон, откако попладнево „милионерите“ со 6-0 го прегазија Волфсбург во 31-во коло во Бундеслигата.
Победата на Дортмунд беше најавена после нешто повеќе од пола час, откако Карим Адејеми, Себастијан Але и Дојнел Мален погодија од 14-та преку 28-та до 37-та минута, па сѐ потоа беше само формалност. Во вториот дел, Џуд Белингам даде четврти гол во 54-та, а Адејеми во 59-та погоди петти пат за Борусија, но промаши пенал во 65-та за да дојде до хет-трик, за најбараниот фудбалер моментно, Белингам три минути пред крајот со својот втор гол да стави печат на џиновската победа.
Дортмунд со 20-та победа сега има 64 бода, а Баерн е на 65, па во следното коло ги чека дуел со Борусија Менхенгладбах, додека Баварците играат со Шалке.