Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски се враќа во голгетерска форма, постигнувајќи го победничкиот гол за Сараево на гости против Слобода (2-3). Сараево направи голем пресврт откако имаше негатива од 2-0.
Аврамовски денеска е херој на Сараево, откако две минути откако влезе во игра, даде гол за победа со која „бордо тимот“ останува во трката за излез во Европа.