Никола го предводеше Денвер до триумф над Голден Стејт 131:124 (40:31, 31:38, 33:32, 27:23).

Србинот повторно ги полуде навивачите и потврди дека е главен фаворит за МВП признанието. Тој го оствари 18-от трипл-дабл сезонава и 75-ти во кариерата, па му недостасуваат уште три за да скокне на вечната листа на многу од најдоминантните центри на сите времиња, легендарниот Вилт Чембрлен.

Тој мина 35 минути на паркетот против Голден Стејт и за тоа време успеа да постигне 32 поени, 15 скока и 12 асистенции. Повторно имаше одличен процент на удари од игра, дури 70,6 отсто (17/12).