Бразилскиот Ботафого извојува огромна и убедлива победа во првиот полуфинален дуел од двомечот со уругвајскиот Пењарол славејќи пред своите гледачи со 5-0.
Сите голови беа постигнати во второто полувреме, а домашната публика имаше многу причини за задоволство, затоа што нивните миленици ги торпедираа гостите и веќе со една нога се во големото финале.
Најдобар поединец на мечот беше напаѓачот Џеферсон Саварино, кој постигна два гола, а во листата на стрелците се запишаа уште Барбоса, Луис Хенрике и Хесус. Гостите од Уругвај беа комплетно разбиени и упатија само два удари во рамките од голот, па на крајот доживеаја тежок дебакл.
Реваншот ќе се одигра на 31 октомври, а Ботафого ќе треба само рутински да ја заврши работата и да обезбеди пласман во мечот за шампионскиот трофеј.