Одличниот Аргентинец Пауло Дибала си најде нов клуб по заминувањето од Јувентус, а не отиде далеку и останува во истата земја бидејќи потпиша за Рома.
По заминувањето од Јувентус, аргентинскиот фантазист Пауло Дибала не ја напушти „чизмата“. Трет клуб по ред на Дибала е италијански, а тој се приклучува на Рома.
Дибала го напушти Јувентус откако му истече договорот и како слободен играч потпиша тригодишен договор со римскиот клуб. Интер и Наполи беа во трка за неговиот потпис, но Рома беше јасен фаворит.
Италијанските медиуми пренесуваат дека договорот бил потпишан за околу шест милиони евра по сезона, а се дознава дека Дибала лично го повикал Жозе Мурињо и го убедил да дојде.
Аргентинецот помина седум години во Јувентус и забележа 293 настапи со 115 гола и 48 асистенции во сите натпреварувања. Пред тоа играше за Палермо.
Победникот на Конференциската лига на тој начин продолжува да го гради и засилува тимот за големи цели по доаѓањето на новите сопственици минатата година.