Белгискиот репрезентативец игра одлично сезонава и би било многу нереално ако си замине во овој момент од Шпанија, но премиерлигашите не жалат пари за да го видат во своите редови, вклучувајќи ја опцијата за активирање на неговата откупна клаузула во износ од 60 милиони евра.
Двата клуба се во контакт со неговиот агент Пини Захави, и се обидуваат да ги понудат најдобрите можни услови. Предност има Њукасл, кој му нуди огромни пари на Караско, но прашање е дали ќе успеат да го убедат, со оглед на лошиот пласман и фактот што клубот го очекува голема борба за опстанок, за разлика од Тотенхем кој брка настап во Лигата на шампионите.