Екипата на Манчестер Јунајтед испушти водство од 1-3, но во 97.минута успеа на чудесен начин да стигне до драматична победа од 3-4 против Вулверхемптон. Спасител на „црвените ѓаволи“ беше младиот Коби Маину длабоко во судиското продолжение, само две минути откако Педро Нето израмни во 95.минута.

„Лудиот“ натпревар се одигра на „Молино“. Рашфорд и Хојлунд донесоа предност од 0-2 за Манчестер Јунајтед, а Пабло Сарабија од пенал намали во 71.минута.

https://twitter.com/i/status/1753167863286792685

После голот на Скот Мектоминеј во 75.минута се чинеше дека победникот е решен, но Премиер-лигата понуди уште еден драматичен дуел.

Макс Килман во 85.минута намали на 2-3, а Педро Нето донесе и израмнување во 95 мин. но на крајот триумфот му припадна на Манчестер Јунајтед со голот на младиот Маину во 97 минута.

 

Јунајтед се наоѓа на седмата позиција со 35 бодови, додека Вулвс остана на 11. место со 29 бода.